Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски денеска оствари средба со Кристофер Левик, Регионален директор на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) за Европа и Централна Азија, на која биле разгледани досегашната соработка и можностите за нејзино дополнително продлабочување.

Во фокусот на разговорот биле циркуларната миграција, дијаспората и повратниците, како и начините економскиот, човечкиот и знаенскиот потенцијал на македонската дијаспора да биде ставен во функција на развојот на државата.