Надворешно-политичката советничка на премиерот Кирил Петков, Весела Чернева, на 2 јануари престојувала во посета на Скопје, потврдиле од Владата за БНТ.

Чернева била во Скопје по задача на Петков. Целта била претстојната посета месецов на Петков на Скопје, се посочува во одговорот.

Кирил Петков најави дека откако новиот кабинет во Скопје ќе положи заклетва, ќе се сретне со новиот премиер на С.Македонија, Димитар Ковачевски, кој ќе го наследи Зоран Заев.

Претседателот Румен Радев за 10 јануари го свика Консултативниот совет за национална безбедност, кој ќе ја разгледа рамката за односите со Скопје.