За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е за два сантиметра понизок од повеќегодишниот просек за јануари. Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,56 метри и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,94 метри повисок од просечниот за јануари.

Нивоата на реките во земјава се во рамките на просекот со благи отстапувања во нагорна или надолна линија.