Без разлика дали Вујо со Борац Бања Лука ќе ја освои титулата во БиХ, ќе си замине од екипата. Од повеќе различни извори на „Мондо“, потврдено е дека Вујовиќ си оди од клубот и нема да го продолжи петмесечниот договор кој го потпиша пред извесен период и на клупата на Вардар ќе седне на местото на Стевче Алушовски.

Заедно со Вујо српскиот медиуми пишува дека во Вардар ќе пристигне 18-годишниот Милош Кос од Извиѓач, инаку ракометар кој настапува на левата бековска позиција.

Доколку оваа информација добие и потврда, тогаш Вујовиќ по трет пат во кариерата ќе седне на клупата на Вардар. Првпат тој беше на чело на клубот од 2006 до 2009, а потоа од 2011 до 2013 година.