Вице Заев наместо да дава изјави како естраден уметник, треба да биде зад решетки. Во нормална држава одамна веќе ќе имаше постапки за сите криминали. Јавноста виде дека рекетираните пари завршувале во струмичкиот хотел за кој одамна говоревме. Јавноста виде дека биле вршени притисоци врз компании директно од страна на семејството Заеви. Јавноста виде дека биле правени промени и фалсификати на изјави на оштетените странки од страна на обвинителството и МВР, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На крајот на краиштата со овој случај се потврдува исказот даден пред суд дека сите рекетирани пари треба да се бараат кај Зоран и Вице Заев.

Очигледно дека снимката евро за црквата евро за вицето не е инцидент, туку пракса на Зоран Заев, само што од евро по евро се преминало во снопче по снопче пари.

Мафијата на власт организирала криминал од невидени размери, и покрај семејството Заеви како главни протагонисти ги вклучило Обвинителство и МВР како нивни адвокати и чувари.

Колку и да се крие криминалот на Заев излегува на виделина, колку и да лаже Заев вистината испливува на површина. Криминалите на Заев се редат и допрва ќе се редат. Народот се ќе дознае, а потоа ќе следи одговорноста, прво политичка, а потоа и кривична.

Фактот го утврдивме, Заеви се криминалци, сега само чекаме да излезат на виделина колку семејства и бизнисмени страдале од нив“ – порачуваат од партијата.