Во германскиот град Есен, ученик со нож нападнал наставничка во училиште во округот Нордвиртел, објави „Билд“. Жената е избодена во стомакот и се наоѓа во критична состојба. Се очекува да биде оперирана во универзитетската болница, а засега не е познато дали нејзиниот живот е во опасност.

Напаѓачот, според „Билд“, е 17-годишен ученик од Косово. Сè уште не е утврдено дали тој бил на час или дошол однадвор. По нападот избегал, а полицијата набргу добила пријава за сомнително лице во парк кое одговарало на неговиот опис. Кога се обиделе да го проверат, момчето трчало кон нив со нож, по што полицајците отвориле оган и го застрелале.

На социјалните мрежи кружи наводно видео од интервенцијата. На снимката се гледа момче како лази по земја додека полицаец пука во него. Предупредување: видеото е вознемирувачко.

Покрај повредената наставничка, медицинска помош им е укажана и на други лица. Најмалку десет ученици се во шок, бидејќи биле сведоци на нападот или помогнале во пружање прва помош.