Пистата на аеродромот во турската провинција Хатај буквално се преполови на два дела по разорниот земјотрес кој утринава ја погоди Турција.

Поради оштетувањата на аеродромот, летовите се сопрени. Во тек е потрага по голем број луѓе кои се под урнатините на зградите.

Освен Турција, разорен земјотрес утрово ја погоди и Сирија и во двете држави има над 1.000 починати. Причинета е огромна материјална штета.