Албанското подземје не мирува. На вчерашното убиство му претходни палењето и на кафуелето „Барон“, а подолу во текстот ги има деталите.
Запалено кафулето „Барон“ – еве ги деталите
Ова кафуле кое е именувано по една од озлогласените скопски банди, беше зафатено од пламен пред убиството на таткото на Гани Туша, што ги засили сомнежите за поврзаност меѓу инцидентите
Лицата со запалива материја го подметнуваат пожарот, а еден од нив „чува стража“ надвор. Пожарникарите интервенирале утрово околу 4 часот.
View this post on Instagram
Пред убиството на таткото на Гани Туша, пожар го зафатил кафулето „Барон“ во Чаир. Кафулето, кое го носи називот на криминална група поврзана со Гани Туша кој се наоѓа во притвор, поттикна истрага за потенцијална поврзаност помеѓу пожарот во кафулето и последователното убиство на Блаце.
Каква е поделбата во скопското подземје?
Во скопското „подземје“ моментално јавна тајна е дека кланот „Барон“ соработува со „Беланоца“, а тие заедно се во улична војна со криминалните групи „Дуќанџик“ и „Грчец“.
Вчеравечер, извршено е свирепо убиство, а станува збор за убиство на таткото на Гани Туша, кој е татко на осомничениот за убиството врз Орхан Бајрами – Оки. Тој беше застрелан летово во Грција. На лице место се констатирани прострелни рани од автоматско оружје.