Али Ахмети на свадба кај семејството Буши се фати на оро. Расположен и во добра кондиција, лидерот на ДУИ во едно несекојдневно расположение ги покажа своите перформанси.
Во меѓувреме, се шпекулираше дека Али Ахмети можеби имал здравствени потешкотии, но веројатно првиот човек на ДУИ нема сериозен проблем.
Првиот човек на интегративците беше меѓу гостите на семејната прослава во семејството Буши. Во еден момент се фати да игра и тоа го правеше прилично темпераментно како што може да се види од видео снимката која кружи на социјалните мрежи.