Оваа недела е светска недела на имунизацијата, која оваа година го носи мотото- „Вакцинацијата не зближува”. Во светот владее најголемата пандемија од поновата историја.

Сите држави масовно вакцинираат, а само Македонија со Заев и Филипче нема вакцини.

Се што досега беше добиено како вакцини, освен една пратка од 3.000 Спутник В вакцини, е донација, што од Србија, што од КОВАКС и Обединети Арапски Емирати.

Вакцинираме единствено со вакцини кои се донација.

Пет месеци Венко Филипче е неспособен да набави вакцини. За споредба соседна Србија вакцинираше над 3 милиони жители односно скоро 50 проценти од својата популација, а ние се уште не можеме да вакцинираме ни 3 проценти од населението.

Не се, се уште вакцинирани сите доктори, не е вакциниран здравствениот персонал, вакцини чекаат хронично болните, ранливите категории и сите оние граѓани кои сакаат да бидат вакцинирани.

Но вакцини нема!

Има единствено погрешни приоритети и политики на власта.

Здравствениот систем е неорганизиран, а граѓаните се оставени на милост и немилост.

Сите заразени и починати по први јануари 2021 година одат на совеста на Венко Филипче и неговата неспособност да набави вакцини.

Јавноста можеше да види како најмиле офшорд фирма за да книжат огромни провизии. Вакцини нема затоа што веројатно им е побитен профитот од здравјето на граѓаните.

Затоа ние повикуваме во најбрз можен рок да се набават што поголем број на вакцини за сите оние граѓани кои сакаат да бидат вакцинирани и да не трпат поради сето тоа и поради неспособноста на власта.

Поради ваквата нивна неспособност, здравствената криза се рефлектира и на економијата, луѓето губат работни места, остануваат без егзистенција.

Доколку не можат и не знаат како, нека вклучат експерти и луѓе кои што долги години работи во областа.

Народот не смее да трпи, заради ничии суети.