-Во зависност од обемот на елементарната непогода, јас би рекол дека ниту една држава не може сама да се справи. Многу помоќни држави бараа меѓународна помош. Ние имаме скромни капацитети, но доволни за справување со одредени кризни состојби, но понекогаш е потребна и меѓународна помош, вели Ангелов во гостувањето во Утрински брифинг.
(ВИДЕО) Ангелов: Со пожарите се справивме без жртви
Осврнувајќи се на шумските пожари што ја зафатија земјата летово, првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека имало вкупно 116 пожари од кои една третина гореа истовремено. Со оглед на околностите, Ангелов оценува дека службите добро се снајдоа во ситуацијата.