Според последниот записник на ДИК објавен вчеравечер заклучно со 20 часот вкупниот број на потписи е следниот:

Максим Димитриевски – 11.391 потписи

Бујар Османи – 11.067 потписи

Арбен Таравари – 10.641 потписи

Освен овие тројца кандидати, најблиску до потписи се Билјана Ванковска од Левица, како и Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Засега, бројката на гласови на Ванковска е 9.085, додека пак Јакимовски има 7994 потписи.

Од останатите кандидати ситуацијата е следнава:

Вело Марковски – 1087 потписи

Мерсиха Смаиловиќ – 977 потписи

Ѓорги Манасков – 323 потписи

Зорица Цветковска – 105 потписи

Господин Попоски – 63 потписи

Сепак, најголеми два фаворит за претседателското столче на Вила Водно се Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и најверојатно Стево Пендаровски од СДСМ.