Наврнаа околу 60 литри дожд на метар квадратен, а од 15.30 часот во прекин е железничкиот сообраќај на линијата што ги поврзува Пожега и Плетерница.
Поради лошите временски услови, едно постаро домаќинство мораше да биде евакуирано.
Нема информации за повредени во невремето, потврди за Хина дежурниот раководител во Службата за цивилна заштита на Пожега, Зденко Скалник.
-Има многу повици од граѓани. Во еден момент, имаше до 50 повици на чекање. Од областа на градот Пожега, од невремето беше најпогодено подрачјето на улицата Јагодњак, додека од невремето беа целосно погодени Држковци, Видовци и Дервижага , рече Скланик.
Тој вели дека водата се задржува на улица и во куќите, а додава и дека пожарникарите се на терен.
-Не се сеќаваме на вакво нешто. Се чини дека половина од Пожешка гора се сруши на улиците , изјавија за Požega.eu од локалното население.
Наврнаа 50 до 70 литри дожд на метар квадратен, објави ХРТ.
Поплавени се многу дворови и подруми на куќи, а проблеми има и на локалните патишта. Исто така има и мали одрони.
-Еден каллив водопад течеше по ридот и водата течеше по улицата; изгледаше апокалиптично , рече жител на Пожега, додавајќи дека станарите се организирале и спречиле поголеми проблеми.
Полицијата, пожарникарите, комуналното претпријатие и цивилната заштита беа ангажирани во санирање на последиците од невремето.