Како што се наведува, истото се должи пустинската бура од Монголија и северозападна Кина.

Властите во Пекинг потврдија дека песочната бура донела голема количина опасни честички познати како ПМ10, кои продираат во органите за дишење и ПМ2,5 честички, кои можат да влезат во крвотокот.

Видливоста во Пекинг е намалена, а врвовите на некои облакодери не можат ниту да се видат од големите песочни облаци. Пешаците ги покриваат очите обидувајќи се да ги пробијат прашината и песокот.

Кинеската метеоролошка служба издаде метеоролошки аларм во петокот, предупредувајќи на опасност од песочна бура од Монголија.