Во Општина Карпош за градоначалничката функција се борат Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ, Маја Мојсова Мијовска од СДСМ и актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Слоганот на Стевчо е „да го одбраниме Карпош“, а во меѓувреме Стевчо Јакимовски го поврзуваат со СДСМ. Се јавува сомнежот „Дали нивниот кандидат е само про-форма?“

Стевчо Јакимовски секогаш добивал гласови од СДСМ. Гласачкото тело на СДСМ е поделено во Карпош меѓу нивниот кандидат Маја Мојсова и Стевчо Јакимовски. Тој со сите бил во коалиција. Затоа има логика да има негативна кампања против него, вели Арсовски.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски доаѓа од бизнис секторот, од СДСМ е докторката Маја Мојсова и трет е Стевчо Јакимовски. Според Арсовски во прв круг во предност е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку се спојат гласовите на Мојсова и Јакимовски во втор круг тогаш би било тесно.

За Стевчо Јакимовски има логика да има конфликт со ВМРО-ДПМНЕ. Тие се релативно дисциплинирана партија. Единствената логика е Стевче да се надева на свои гласови и гласови на СДСМ. За него е идеално да биде во тепачка со ВМРО-ДПМНЕ. За него најлоша ситуација е да се скара со Маја Мојсова од СДСМ, додава Арсовски.

Но, тоа што Стевчо Јакимовски е во конфликт само со ВМРО-ДПМНЕ ја лепи етикетата на Јакимовски со СДСМ.

Погледнете ја целата емисија.