Квалитетни кампањи или многу лаги? Познатиот аналитичар Петар Арсовски за Радио Лидер ги прогнозираше изборните резултати.

Арсовски смета дека ВМРО-ДПМНЕ во Скопје може да победи во прв круг во Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Гази Баба. Според аналитичарот Карпош и Центар ќе одат на втор круг, а втор круг би имало и во Бутел заради етничката дистрибуција на населението.

Во однос на општините каде мнозинство се Албанците, односно Чаир и Сарај, Арсовски дава свој став. Чаир е веројатно најважна општина моментално бидејќи таму се кршат копјата.

И едниот и другиот кандидат имаат силно влијание во тоа партиите како ќе ги доживеат овие избори. Најголем дел од кампањите на ДУИ и ВЛЕН се сведуваат во Чаир. Улогата на Данела веќе заврши. Разликата во Чаир е многу мала. ДУИ не е за фрлање, но во Чаир секогаш победува Изет Меџити. Разликата во Чаир ја прават Македонците кои гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, вели Арсовски за Радио Лидер.

Тој смета дека СДСМ имаат предност во Центар од скопските општини. Тој смета дека и независните кандидати ќе повлечат гласови во Центар. Арсовски смета дека СДСМ може да очекува добар резултат, односно победа во Крива Паланка, Крушево и Валандово. Во оваа група Арсовски не ја става Струмица и смета дека таму благ фаворит е ВМРО-ДПМНЕ. Очекува СДСМ да биде меѓу 120.000 и 150.000 гласови. Арсовски вели дека тоа не е резултат за славење.

Што се однесува до сите останати општини, апсолутен фаворит според него е ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски смета дека СДСМ направила грешка што не дала поддршка на Габриела од „Поинаку“ во Битола. Затоа не знае дали ќе има втор круг во Битола, можно е ВМРО-ДПМНЕ да победи во Битола во прв круг.

Арсовски вели дека во Куманово фаворит е Максим Димитриевски.

Погледнете ја целата емисија.