Синоќа патнички автомобил се забил и уништил цела автобуска постојка на Бит Пазар.
Според објавените видеа и фотографии може да се забележи дека и возилото претрпело големи оштетувања, особено во предниот дел.
Возилото било подигнато со шлеп-служба, а засега нема официјални информации за тоа како точно дошло до несреќата, ниту дали и колку лица се повредени.
