Синоќа патнички автомобил се забил и уништил цела автобуска постојка на Бит Пазар.

Според објавените видеа и фотографии може да се забележи дека и возилото претрпело големи оштетувања, особено во предниот дел.

Од силината на ударот била урната конструкција на автобуска постојка поставена покрај улицата, а на тротоарот и околу местото на несреќата останале расфрлани делови од возилото и од оштетениот објект.

Возилото било подигнато со шлеп-служба, а засега нема официјални информации за тоа како точно дошло до несреќата, ниту дали и колку лица се повредени.