Изгубен бик предизвика сообраќаен хаос на автопатот Солун – Атина, кај Синдос, откако влегол меѓу возилата, објавија грчките медиуми. Животното побегнало од сопственикот и околу еден час се движело по патот пред да биде фатено со помош на полицијата.
Нема повредени или несреќи, а по фаќањето бикот бил врзан за заштитна ограда и бил видно вознемирен.
