На социјалните мрежи се шири видео од концертот на младата музичка ѕвезда Били Ајлиш на калифорнискиот музички фестивал Коачела. Додека ја пееше песната „Getting Older“, од нејзиниот втор студиски албум „Happier than ever“, и се повлекуваше од сцената, Били доживеа несреќа- се сопна и падна, а потоа лежеше со нозете кренати извесно време, пренесуваат медиумите во светот.

Додека така лежеше на подот, таа се насмеа во себе, а потоа им се обрати на присутните и рече: „Добро, ајде да танцуваме“.

Снимката од концертот набрзо стана вирална, а еден од коментарите за ова беше ироничен.

„Не, воопшто не се смеевме“, напиша еден корисник на Твитер.

Медиумите потсетуваат дека Били доживеа слична несреќа на сцената пред три години.