На полноќ, низ охридската чаршија одекнуваше познатата македонска песна „Бисер Балкански“. Млади улични артисти, со хармоника, кавал, гитара и кахон, создадоа вистинска концертна атмосфера под отворено небо. Околу нив се собраа голем број млади луѓе, кои пееја и се забавуваа во срцето на Охрид. Македонските звуци се ширеа низ чаршијата и привлекуваа сè повеќе минувачи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 часа 🇲🇰 (@24chasa.mk)

Спонтаната изведба покажа дека народната музика и традиционалните инструменти имаат посебно место и меѓу младите генерации. Без голема сцена и посебна организација, артистите приредија незаборавна полноќна забава. Вечерта беше исполнета со музика, емоции и љубов кон Македонија.