Вечерва Борјан Јовановски – Боки 13 во поткастот на „Лазаров“ вечерва ги разобличи криминалите за владеењето на СДСМ. Тој вечерва извади многу ексклузивни информации, а една од нив беше и „милионски бизнис“ на Венко Филипче и Зоран Заев кој се договорал во домот на Јовановски.

За болница преговараа и он си побара колку треба за него (Венко Филипче) и за Заев пари. Се работеше за болницата 8-ми септември, за јавно-приватно партнерство и приватизирање на таа болница под посебни критериуми изготвени од министерство за здравство. Состаноците се одвиваа кај мене дома, во мојот дом во Орман. Е тука јас имав конкретен интерес. Конкретниот интерес беше процентуална вредност која ќе ми припаднеше мене доколку биднеше тој „deal“.

Тој додава дека Венко Филипче воопшто не бил наивен и сакал процент, а за тоа „амин“ дал и Зоран Заев. Боки 13 го споменува и името на Зоран Заев.

Од едната страна беше Венко Филипче којшто преговараше во негово име и во име на владата. Во една од тие средби беше и Зоран Заев на спикерфон ставен да го поддржи целиот разговор и целата зделка. Од другата страна беше Јордан Камчев, а на сето тоа кумуваше и Зоран Милевски – Кичеец, оној кој ја носеше Луи Витон торбата во случајот „Рекет“.

Целиот исечок може да го погледнете во продолжение:

Целото видео може да го погледнете ТУКА.