Објавата целосно ја пренесуваме:

Излези и гласај! 🗳️🇲🇰

Во среда нѐ очекуваат претседателски избори. Избори кои за помладите генерации се „неважни“, избори на кои за жал многу Македонци остануваат апатични кон политиката и НЕ го остваруваат своето граѓанско право да излезат и да гласаат. Оваа објава ја упатувам токму кон нив, кон сите „непартиски“ и „неутрални“ луѓе. Не треба да сте експерти, не треба сѐ да знаете. Но, само погледнете што ни се случува. Не може пасош да извадиме еј… Сетете се дека не може ни ветуваа Европа, а на крајот не може да извадиме ниту лични документи за да одиме надвор од Македонија. Или пак, ќе бидам краток: Погледнете како се дивееше вчера на плоштадот Македонија и се извикуваше „УЧК, УЧК“.

Патем. Многу ми е криво дека додека Албанците со автобуси и авиони пристигаат во Македонија само за да одат да гласаат, нашите Македонци гледаат како да одат за Грција на продолжен викенд. Океј, одете си кај и да сакате, само барем утрото остварете го гласачкото право и заокружете за некој МАКЕДОНСКИ кандидат.

Размислете внимателно дали сакате да живеете во таква држава, дали сакате други да одлучуваат во ваше име повторно на овие избори. Ова е последниот повик за сите да излезат и да гласаат масовно. Овие избори се моментот кога треба да го покажеме нашиот револт, моментот кога треба да ги казниме сите кои прават уништување на Македонија. За сите наши емигрирани браќа, сестри, роднини, соседи, пријатели, колеги. За сите кои се борат со здравствени услуги преку СМС пораки, за нефункционалните институции, за корупцијата во државата, за сите врски, за сите криминали!

24-ти април и 8-ми мај се денови за одмазда. Излезете и гласајте!

Боемот 2.0 x @megafon.mk 💪

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)