Бојко Борисов, лидерот на ГЕРБ денеска се пошегува со изјавата на неговиот политички противник Слави Трифонов, велеjќи дека неговата партија за разлика од „Има таков народ“ не се занимава само со НАСА и астронаути, пренесуваат бугарските медиуми .
– Замислете дека Бугарин и северен Македонец се наоѓаат во вселената. Така започнува „Војна на ѕвездите“. Вонземјанин ќе ги види и ќе ги праша: „Какви луѓе сте вие?” „Јас сум Бугарин“, „Јас сум северен Македонец – коментираше Борисов на брифинг денеска.
Неговиот коментар се однесува на изјавата на Трифонов, дадена претходно дека новата влада на ИТН ќе поднесе барање за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција, затоа што само Бугарија не членува таму.
– Ќе направиме се што е возможно да испратиме маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направиме што е можно кон нив да се приклучи и еден северномакедонски астронаут – рече Трифонов.