Вечерашен гостин на емисијата „Скопје – урбана приказна“ беше македонскиот репрезентативец и великан на ракометната сцена, Борко Ристовски. На прашање од водителот Стефан Кирков, Ристовски откри кој сака да ги уништи ФК и РК Вардар.
– Ова е политичка приказна, Вардар остана последно пориште на македонизмот. На Вардар доаѓаа луѓе со Кутлеш знамиња, на Вардар се пееше „Никогаш Северна – само Македонија“ и на политичката елита тоа не ѝ одговараше, вели Ристовски.
Ристовски е дециден дека власта сака Вардар да не постои повеќе, но убеден е и оптимист е дека доколку дојде до промена на власта Вардар ќе се спаси. Ристовски потенцираше дека луѓе активно работат на спас на македонскиот бренд – Вардар.
Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение.