Кристијано Роналдо ги доби првите критики во Саудиска Арабија откако постигна само еден гол од пенал на првите три меча, но четвртиот го искористи за да презентира зошто важи за најдобар голгетер во историјата на оваа игра.

Искусниот Португалец беше неизмерно инспириран на гостувањето кај Ал Вехда, па мечот го заврши со четири постигнати гола и одбележување на специјален јубилеј.

Со својот прв гол во првото полувреме, Роналдо стигна до бројката од 500 лигашки погодоци во својата кариера и достигна една неверојатна граница, која многу брзо ја збогати во свој стил.

Пред крајот на првиот дел, Роналдо постигна и втор гол за предност од 0:2, но не застана тука и продолжи во исто темпо и во вторите 45 минути.

На стартот на вториот дел, Кристијано стрелаше од пенал за комплетирање на хет-трик, а потоа постигна уште еден гол за прв „покер“ во Саудиска Арабија, со кој сега има биланс од пет гола на првите четири меча.

Makpetrol
TotalTV
СВЕТпред 17 секунди

Роналдо „испука“ четири гола на еден меч и одговори на критиките (Видео)

ИТАЛИЈАпред 26 минути

Пиоли за редовниот стартер во кој не веруваат ниту соиграчите: Тоа е моја одлука

СВЕТпред 1 час

Роналдо ги постигна првите два гола од игра во Саудиска Арабија и ја надмина „границата 500“ (Видео)

ФРАНЦИЈАпред 1 час

Нов удар за Галтие: Меси неизвесен за осминафиналето со Баерн Минхен (Фото)

СВЕТпред 2 часа

Бројот кој го избра Ѕаниоло во Галатасарај крие тажна трагедија од земјотресот (Видео)