Проектот со брзата пруга ќе биде клучен за македонската економија, но министерството за транспорт и врски ќе има повеќе проекти на кои ќе се базира неговата работа.

Николоски: Брза пруга кон Солун е еден од главните приоритети, ќе се вози со 200 километри на час

Проекти на министерството за транспорт и врски

За сега, за само два и пол месеци активна работа министерството за транспорт и врски предводена од Александар Николоски се залага за решавање на клучните инфраструктурни проблеми. Фокусот е ставен на брза пруга кон Грција и Србија, автопатот кон Бугарија. Но, тука има и многу други проекти.

До крајот на годината ќе има готови проекти

До крајот на година ќе имаме завршен експресен пат Куманово -Крива Паланка како и експресен пат Прилеп – Градско кој значително ќе ја олесни комуникацијата, интензивно работиме на Охрид – Кичево, а во наредниот период многу ќе се работи на Кичево – Букојчани, на Букојчани – Гостивар, на Гостивар – Тетово како и на Прилеп – Битола, вели министерот за транспорт Александар Николоски.

Во продолжение може да ја видите и изјавата на министерот. „Продолжуваме посветено во интерес на граѓаните“!

Изградба на гасно поврзување меѓу Македонија и Србија

По средбата со министерката за рударство и енергетика Дубравка Бедовиќ-Хандановиќ, Николоски изјави дека разговарале за изградба на интерконектор или гасно поврзување меѓу Македонија и Србија што треба да следи после гасното поврзување или интерконекторот меѓу Македонија и Грција.

„На тој начин ќе се изгради целокупен гасовод кој што ќе оди од Грција преку Македонија и Србија до Унгарија, Австрија и Централна Европа со што Македонија ќе го заземе централното место во делот на снабдување со гас на Централна Европа. Со транзитот на гас Македонија ќе остварува големи приходи“, рече Николоски.