Ракометното дерби меѓу Вардар и Пелистер во Скопје беше обележано со инциденти, откако навивачката група на битолскиот клуб – Чкембарите – беше пуштена во салата со задоцнување од околу дваесетина минути по почетокот на натпреварот.

Веднаш по нивното влегување, дел од навивачите фрлаа факели кон трибините, што предизвика тензична атмосфера и физичка пресметка со останатиот дел од публиката.