Тие во просториите на МНР одржаа заедничка прес-конференција, а Османи соопшти дека ќе се разговара за односите помеѓу двете земји во економијата и енергетиката, како и европерспективите на Македонија.
Помеѓу главните причини за посетата на Дендиас, е и проверка на тоа што до сега е спроведено од страна на двете земји по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Османи се пофали со промената на имињата на улиците и институциите. Дендиас истакна дека овие средби се знак на поддршка од страна на Грција за евроинтегративниот процес на Македонија.

– Грција е, и може да биде најтесниот соработник на Северна Македонија и нејзиниот најдобар пријател. Грција како сосед, има интерес да се обезбеди благосостојбата и стабилноста. Западен Балкан никогаш повторно не смее да стане буре барут на Европа, вели Дендиас при денешната посета на Скопје.

Целосните изјави на Дендиас и Османи може да ги погледнете во продолжение: