– Средните училишта се подготвени за започнување на новата учебна година од среда, според пропишаниот План и Протоколи.

Задоволна сум што оваа година сите училишта подготвителните активности ги почнаа порано од вообичаеното во изминатите години и што одговорноста е подигната на значително повисоко ниво, заради остварување на заедничката цел, а тоа е да обезбедиме квалитетна настава за учениците и заштита на јавното здравје.

Денеска на редовен координативен состанок со директорите на средните училишта во државата, разговаравме за финалните подготовки со цел успешен старт на учебната година“, напиша Царовска.

На оваа објава, таа доби многу коментари меѓу кои еден кој вели вака:

– Не, министерке Средните училишта НЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ. Тоа го тврдат и професорите! Класовите бројат од 30 до 36 деца – ДИСТАНЦАТА Е НЕВОЗМОЖНА. Тоалетите се исти

Децата патуваат со два до 4 автобуси – преполни, половина патници се без маски.

Дури и децата и родителите кои се држеа крајно почитувајќи ги протоколите, дистанца, маски и живот без социјален живот и не се заразија сега ги изложувате на закана од зараза! Зошто?

Одговорот го даде мин.за здравство – “родителите на децата што ќе започнат со физичко присуство да се вакцинираат”

Правото на избор како човеково право стана ПРЕДМЕТ НА УЦЕНА ПРЕКУ ДЕЦАТА !

Ви тврдам, го молам Бога да ги заштити децата , но се случи ли нешто на барем едно дете , ќе предизвикате цуна-ми од родители.

Имате избор да бидете МАЈКА на секое дете и да ги заштитите со онлајн настава дур стивнат бројќите на раст и за новозаразени.
Да Ве потсетам

Земјава е на црна листа на ЕУ за патување Расте бројот на смр -тни случаи. И земјава е трета најсиромашна земја во светот – народот е најсиромашен! Ова е класична злоупотреба на децата за уцена на родителите.

Имате избор, да се издигнете како човек пред се’, штитејќи ги децата, или да бидете цехот кој ќе го плати СДСМ. Изборот е Ваш … Потоа, уште еден коментар вели вака:

-Зошто онлајн разговаравте, што не ги повикавте сите кај вас во канцеларија еден до друг седнати со маски како што планирате за децата 4 до 7 саати да седат со маски?“.

Следуваа и твитови против Царовска: