– Веднаш дојдовме на местото на настанот и поставивме безбедносен душек, доколку скокне од петтиот кат, за да се спаси. Но, по наредба на интервентната полиција која ја презеде акцијата ние тука се повлековме и настапија нивни екипи во акцијата за спасување. Како што видовте, полицајците со јажиња се качија на горниот кат и ја затворија излезната врата од балконот на долниот кат каде што беше девојката. Акцијата е успешно завршена, изјави Владимир Кочовски командир во против пожарна единица Скопје.

Во продолжение може да го видите и видеото кога девојката е на балканот.