Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21 истакна дека францускиот предлог не згазил, односно ни го згазил достоинството.

„Ние Македонците овој 2-ри август не бевме среќни со сето она што се случуваше во континуитет, сите оние остапки кои се направија. Непристојниот француски предлог за кој што видовме дека и нашиот претседател на државата и премиерот директно учествувале во неговото изготвување. Не згази како народ, ни го згази достоинството и дигнитетот“, вели Димитриевски.