Страшно е прикривањето на што следи понатаму. Ние слушаме многу дискусии во последно време како „Бугарија нема да има нови барања“, но забораваме да влеземе во суштината да влеземе во тоа што значат новите барања, вели Илија Димовски во вечерашното издание на „Трилинг“.
Со него разговаравме за актуелните политички теми, а интервјуто го отворивме со најпопуларното политичко прашање моментално, а тоа се Уставните измени.
Страшно е прикривањето на што следи понатаму. Ние слушаме многу дискусии во последно време како „Бугарија нема да има нови барања“, но забораваме да влеземе во суштината да влеземе во тоа што значат новите барања. Забораваме да влеземе во фактот дека со склучениот договор во 2017 година и со двата меморандуми, едниот склучен во 2019 година, а другиот минатата година Македонија прифати многу нови услови кои се дел од преговарачката рамка, вели Димовски.
Поранешниот пратеник вели дека проблем е што Уставот се менува под диктат од Бугарија и вели дека ако ВМРО-ДПМНЕ е на власт може да има подобри услови за Македонија во однос на идентитетските прашања.
Власта постојано вели „Бугарија не отстапува од своите позиции, а што ќе се случи ако Македонија не отстапи од своите позиции?, вели Димовкси и алудира дека треба да се направи подобар договор каде нема да имаме проблем со нашиот идентитет.
Тој додава да се вратиме на Копенгашките критериуми.
Димовски истакнува дека за да бидеме добри во надворешната политика најпрво мора да бидеме сложни внатре во државата и да изградиме национален став во однос на важните прашања.
Според Димовски не смееме како општество националните интереси не смеат да поништат
Јас имам желба Македонија да биде дел од ЕУ, јас сонувам Македонија да нема граници, да има отворено движење не само кон Албанија и Србија, туку и кон Бугарија и Грција, тоа е македонски национален сон, вели Димовски за вечерашното издание на „Трилинг“.
На прашање од новинарот Чомовски во однос на резолуцијата од германскиот Бундестаг, Димовски децидно вели дека Македонија никогаш немала проблем со Германија, туку во овој момент имаме проблем со Бугарија. Тој заклучува дека оваа резолуција не е доволна од Германија.
Кога станува збор за судството, правдата, јавното обвинителство и Димовски ја посочува новата анкета на ИРИ каде само 1% од граѓаните имаат доверба во судството.
Во продолжение може да го погледнете гостувањето на Илија Димовски во „Трилинг“.