Претседателот на Беса, Билал Касами најави формирање на широк албански опозициски блок, кој би можел да настапи со заедничка листа. Касами нагласи дека веќе имаат најава за идна соработка со Алтернатива, а добри контакти, како што рече имаат и со поранешниот функционер од ДУИ, Изет Меџити, пренесува Либертас.

-Не само што сме отворени, туку продолжуваме интензивно да работиме со сите опозициски сили. Имаме добра комуникација со Изет Меџити и сметам дека во моментот кога ќе го формализира неговото движење ние ќе ја формализираме и соработката. Дозволете ми да упатам повик и до сите други структури, другите партии и поединци кои не се задоволни од другите партии, да се придружат на ова движење бидејќи дојде време кај Албанците да има ротација во власта и конечно Албанците да направат промена и да бидат достоинствено застапени во државните институции – рече Касами.