Полицијата уапси 23-годишен велешанец затоа што возел мотоцикл на игралиште во Велес.
Според информациите на МВР, синоќа во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, уапсен е С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки.
По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување.
За настанот е известен јавен обвинител, а мотоциклот е одземен и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
