Камила Кабело е ново лице на модниот бренд „Викторија сикрет“. Кубанско-американската пејачка во вторникот на Инстаграм ја сподели нејзината реклама за парфемот „Бомбшел“ (Bombshell). Таа глуми и во англиската верзија на рекламата, и таа на шпански јазик.
-Чест ми е што сум најновото дополнување на семејството @victoriassecret – „Бомбшел“ и што сум дел од првата двојазична кампања на брендот! „Бомбшел“ („бомба“) значи да се прегрнеш кој си и што си, и да го славиш тоа секој ден, напиша таа покрај видеото.
Во рекламата, Кабело продолжува да говори за зборот „бомба“: „…Да ги поседуваш твоите желби, твоите задоволства и да уживаш во сè што има да понуди животот. Оние работи што прават да се чувствуваш одлично и да се чувствуваш радосно. Да бидеш тоа што си – во секој поглед“.
Пејачката објави и фотографии од снимањето.
Нејзе, според коментарите потоа, посебно ѝ се допаднало што не ѝ ги избришале ниту пегите од фотографиите.
View this post on Instagram