Едно лице е повредено пред Капитол, а полицијата ја затвори областа.

Автомобилот се обидел да ја пробие безбедносната барикада пред Капитол во Вашингтон, при што биле повредени двајца полицајци, додека напаѓачот бил застрелан.

Двајца полицајци биле пренесени во болницата, како и напаѓачот кој бил застрелан и кој бил уапсен, јави АП, повикувајќи се на извори од безбедносните служби.

Комплексот на конгресната зграда во Капитол бил затворен по пукањето, а на вработените им било речено да не влегуваат или излегуваат од зградата, според агенцијата.