Иако синоќа постигна 34 поени, 10 скока и 8 асистенции и во моментов е втор стрелец во НБА лигата со просек од 23,9 поени по натпревар, Лука Дончиќ чувствува дека не е вистинскиот во последно време.

Се почесто го губи трпението, влегува во конфликт со судиите и со противничките кошаркари, а тоа се одразува на атмосферата и резултатите на Далас. По синоќешниот пораз од Шарлот, словенечкиот ас призна дека има приватни проблеми иако не откри за што точно станува збор.

 

„Фустриран сум, мислам дека тоа на сите им е јасно кога ќе ме видат на теренот. Во последно време чувствувам дека тоа не сум јас, туку само стојам таму на теренот. Порано уживав и се смеев додека играв, но сега сум фрустриран од многу причини, не само кошаркарски. Многу ми се случува надвор од терените, што е повеќе од кошарката, но не сакам да зборувам за приватниот живот“, изјави Дончиќ.

Иако сезонава ја почнаа со високи амбиции, Маверикс би можеле да ја завршат за две недели бидејќи во моментов се на 11. позиција на табелата во Источната конференција. До крајот на основниот дел имаат уште седум натпревари, а во моментов се во серија од три порази.