Пожарот во кавадаречко  повторно е реактивиран и проширен на тешко пристапен терен, информира денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Тој додаде дека два „ер трактори“ на ДЗС започнале со дејство.

На лице место е и градоначалникот на Кавадарци Јанчев, информира Ангелов.

Јанчев, пак, на Фејсбук објави дека поради високите температури и силниот ветер, пожарот во околината на село Раец повторно се разгорел и состојбата останува сериозна.

-Сите расположливи екипи се на терен и вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Во гаснењето се вклучени пожарникарите, екипите на Дирекцијата за заштита и спасување со воздушна поддршка со два авиони, припадници на Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција, како и екипи од Шумско стопанство – Кавадарци – истакна градоначалникот.