-Уште кога имав пет години, сонував патување во вселената и на 20 јули ќе одам на тоа патување со мојот брат, објави Безос на Инстаграм.

Blue Origin го затвори првиот круг на апликации минатиот месец и доби повеќе од 5.200 понуди од 136 земји, соопшти компанијата, но не објави повеќе детали.

Во моментов, најголемата понуда во вториот круг на регистрации на летови е 2,8 милиони долари, според веб-страницата на компанијата. Процесот ќе трае до 10 јуни.

Компанијата планира да го изврши својот прв орбитален лет со својот вселенски брод на 20 јули, што ќе биде пресвртница во конкуренцијата за реализирањето на  првото приватно комерцијално патување во вселената.

Ројтерс во 2018 година објави дека Blue Origin планира да им наплати на патниците најмалку 200 000 долари за ова патување, засновано врз плановите на ривалот на Безос, милијардерот Ричард Бренсон, сопственик на Вирџин Галактик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)