Албанскиот премиер Еди Рама денес отпатува во Италија за да се сретне со премирката Џорџа Мелони. Како што веќе стана традиција, премиерот на Албанија ја започна денешната средба со гест на наклонетост кон италијанската премиерка.

Мелони го поздрави Рама на официјална церемонија во палатата Чиги, кој клекна пред неа кога се приближи. Мелони го прегрна потоа, а камерите го снимија моментот на средбата.

Овој гест на Рама кон Мелони веќе стана традиција и се случува по трет пат во последната година.

Рама и Мелони имаат одличен однос, а таа претходно ги коментираше ваквите потези на Рама.

„Тој го прави тоа за да биде помал од мене“, рече италијанскиот премиер.

Албанскиот премиер моментално е во официјална посета на Рим, каде што ќе одржи средба со Мелони со цел зајакнување на билатералната соработка.