Дали САД ја нападна Венецуела?

Најмалку седум експлозии и ниски прелети на авиони се регистрирани утрово во Каракас, јави новинската агенција Associated Press. Според сведочења на очевидци за Reuters, биле слушани гласни детонации и авиони, а во градот се забележал најмалку еден столб од чад. Се отвора прашањето дали САД ја нападна Венецуела ако се земат примери претходните изјави на претседателот Доналд Трамп.

Чад и прекин на електричната енергија

Очевидците наведуваат дека јужниот дел од градот, каде што се наоѓа воена база, останал без електрична енергија по настаните. Засега не се познати дополнителни детали за причините за експлозиите. Погледнете го видеото:

Без официјална реакција од властите

Владата на Венецуела сè уште нема излезено со официјален коментар за случувањата во главниот град.

Политички контекст и меѓународен притисок

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави можност за започнување копнени операции во Венецуела, по засиленото присуство на американската војска во Карибите и нападите врз бродови за кои се тврди дека превезувале дрога. Од друга страна, венецуелскиот претседател Николас Мадуро вчера изјави дека е отворен за разговори со САД.