Се појавија драматични аудиоснимки и информации за падот на авионот во кој се наоѓале девет лица, а кој завршил со силна експлозија веднаш по обидот за принудно слетување.

Според снимените разговори со контролата на летање, пилотот во паника ги изговорил своите последни зборови непосредно пред ударот во тлото.

„Ќе се срушиме, ќе се срушиме!“, викал пилотот пред експлозијата на леталото.

Надлежните служби за воздухопловна безбедност веднаш отворија истрага за утврдување на точните причини за несреќата и техничките дефекти кои довеле до кобниот пад.