Новата драма за кралското семејство ќе го опфати „критичниот викенд“ во раните 90-ти години, кога Дијана одлучи дека бракот со принцот Чарлс нема да продолжи.
Изборот Кристен да ја има главната улога поттикна многу коментари. Режисерот Пабло Лараин за Deadline појасни:
-Кристен е една од најдобрите актерки на денешницата. За да го направиш ова добро, потребно ти е нешто многу важно во филмот, а тоа е мистерија. Кристен може да биде многу нешта, може да биде мистериозна и многу ранлива, а исто така и многу силна и нам тоа ни е потребно.
Филмот ќе се фокусира на кревката и турбулентна врска на Дијана и Чарлс и нејзината огромна љубов кон синовите, принцот Вилијам и принцот Хари.