Средбата на Ердоган со Фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се одржа во вторникот во Анкара.
Според снимките објавени на интернет, шефицата на Европската комисија не добила место во салата, за состаноци, бидејќи имало само две столици, од кои едната ја заземал Мишел.
Поради тоа, Фон дер Лејен морала да седи на диванот спроти турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглуи, кој според дипломатскиот протокол има понизок ранг. Покрај тоа, според прифатените норми, во текот на слични разговори, ова место вообичаено им се дава на преведувачите и другите учесници на средбите, забележува весникот.
Според пратеничката во Европскиот парламент, Софи ин’т Велд смета дека тоа што се случило не било случајно.
Инаку, разговорите на Ердоган со шефовите на европските институции, во контекстот на напрегнатите односи меѓу Брисел и Анкара се разговараше за развојот на економската соработка, како и за темата поврзани со мигрантите и бегалците.