Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на престојот во Њујорк, учествуваше на панел-дискусијата на високо ниво „Reaffirming the promise of peace: using the power we have“, чиј домаќин беше претседателот на Финска, Александар Стуб.

На панелот, како што информира Мицкоски преку објава, се разговарало за значењето на мирот, дијалогот и одговорното лидерство, како и за улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици.

Во рамки на посетата, Мицкоски остварил и средба со финскиот претседател Александар Стуб. На средбата, според неговата објава, биле истакнати значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа.

„Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја стратешки определена кон европската интеграција“, наведува Мицкоски.