Лидерот на СДСМ, Венко Филипче очигледно губи контрола со реалноста, упатувајќи најниски навреди кон премиерот Христијан Мицкоски. Тој од собраниска говорница, место каде треба да биде храм на демократијата, го нарече премиерот- идиот.
Ваков говор на омраза постои кај човек кој е во сериозна криза, човек кој манифестира силен страв и остава впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби и притисоци. Ова е говор на уценет човек. Ова не е речник што доликува на доктор и на човек кој е дел од академската заедница, реагираат политичките аналитичари.
Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“?
Ваквиот вокабулар не доликува на професор, доктор и политичар. Ова не е само прашање на воспитување, туку и на начинот на кој се однесува под политички притисок. Зошто е толку нервозен и зошто инсистира на капитулација пред Бугарија? Суштината на неговиот денешен испад и манифестирањето недолично и невоспитано однесување не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза, реагира јавноста.
Прашуваме – зошто толкава возбуда околу прашањето дали Исланд е дел од европскиот пазар? Тоа не е суштината. Суштинското прашање е зошто покажува толкава нервоза кога станува збор за Бугарија и за обврските што ги застапува.
