Иако повеќето опкружени навивачи имаа маски, секако, овој собир го привлече и вниманието на германските медиуми, кои му дадоа интересно име: „Пандевмија во Дузибург“, во чест на стрелецот на првиот гол на мечот, македонската легенда Горан Пандев.

Со овој триумф Македонија изби на второто место на табелата со 6 бодови колку што имаат и трето рангираните Германци. Први на табелата се Ерменците кои во оваа рунда на домашен терен ја совладаа Романија со 3-2.

Токму против Ерменија во Скопје на 2 септември нашата селекција ќе ги продолжи Мундијалските квалификации, а во меѓувреме во јуни месец, Македонија ја очекува дебитантскиот настап на Европскиот шампионат на кој во групата ќе играме против Австрија, Украина и Холандија.