Тоа требаше да биде реванш, но првиот меч во Атина беше одложен поради убиството на грчкиот навивач Михалис Кацурис. Околу стотина Bad Blue Boys се уште се во грчки затвор поради тој инцидент.

Фудбалерите на АЕК, меѓу кои и хрватскиот репрезентативец и поранешен играч на Динамо, Домагој Вида, пристигнаа во Загреб, каде што ги обезбедува полиција. Исто така, нивниот хотел е опколен со полициски возила и полицајци за да се спречат дополнителни инциденти. На повидок нема навивачи на АЕК.

 

 

Грчките навивачи не смеат да дојдат на стадионот во Максимир, исто како што на Хрватите не им беше дозволено да дојдат на стадионот во Атина. Но, забраната не ги спречи хулиганите од Хрватска да дојдат во Грција и да направат хаос. Хрватската полиција издаде инструкции и мерки за домашните навивачи. Натпреварот е прогласен за високо ризичен, објави хрватски Индекс.