Најскапиот светски фудбалер Нејмар кој е пред промоција во Ал Хилал во Саудиска Арабија, освен што ќе добие неверојатна плата од 150 милиони евра годишно, а ПСЖ за скоро 100 милиони евра ќе ја наполни касата, го чека луксуз и уште луди бонуси за својот претстој на арапскиот полуостров.

Бразилецот после шест години во ПСЖ каде во летото дојде за светски рекорден трансфер од 222 милиони евра од Барселона, заминува во С. Арабија и ги не можеше да одолее на многуте пари, иако првично одбиваше преселба во оваа земја.

Тој ќе има 150 милиони евра годишна плата, ама покрај тоа го чека бонус од 80.000 евра за секоја победа и пола милион евра за секоја објава на социјалните мрежи каде ќе ја промовира С. Арабија. Зашто Инстаграм, Твитер, Фејсбук како најпопуларни социјални мрежи се неограничен извор за промоција, може само да замислите колку пари го чекаат Нејмар настрана платата за објави од новата земја во која ќе живее.

Покрај сѐ, Нејмар го чека огромна куќа со послуга која ќе му биде на располагање 24 часа секојдневно, како и приватен авион за секојдневна употреба кој Нејмар практично би си го користел како свој.